Елегантен и модерен дизајн на каталог кој ја доловува суштината на релаксацијата.
- Клиент
- Cascade
- Година
- 2026
За проектот
Проектот опфаќа целосен визуелен дизајн и верстање на корпоративен каталог за брендот Cascade. Фокусот на изданието е презентација на нивната специфична понуда на водене кревети, со цел да се пренесе чувството на релаксација, луксуз и технологија.
Предизвик
Главниот предизвик беше да се пренесе „течноста“ и природата на производот преку статичен печатен медиум. Потребно беше да се создаде визуелен јазик кој ќе ги обедини техничките карактеристики на креветите со емотивниот ефект на комфорт и мир кој ги нудат.
Како го изработивме
За постигнување на овој ефект, се одлучивме за доминантна темносина палета со органски, течни форми во позадината кои асоцираат на вода. Користевме модерен, чист прелoм со простор за дишење, каде што фотографиите на производите се истакнати со висок контраст. Типографијата е избрана така што насловните делови се елегантни и лесни за читање, додека техничките спецификации се организирани во преглеледни секции.
Резултат
Резултатот е професионален и визуелно привлечен каталог кој ја зајакнува позицијата на брендот како лидер во својот сегмент. Дизајнот успешно ја комуницира премиум вредноста на производите и им овозможува на клиентите лесно да се ориентираат низ понудата.
Што е изработено
- Дизајн на насловна страница
- Верстање на внатрешни страници
- Визуелен концепт базиран на течни форми
- Организација на продукти и спецификации
- Подготовка за печат
Палета на бои
#F6F6F6#D4D4D5#104876#AFAFB3#0F1635



